Ибрахимовиќ за десет дена на нови прегледи

Макфакс

23/11/2020

16:11

1.709

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ со два гола им ја донесе победата на Милан, во Неапол (3:1), меѓутоа поради повреда не го заврши натпреварот.

Клубот, во понеделникот, соопшти дека Ибрахимовиќ ја повредил препоната, лекарите му препорачале да мирува десет дена, а потоа повторно ќе биде прегледан.

Претпоставките се дека ветеранот ќе отсуствува од фудбалските терени три до четири недели.

Ова значи дека тој ќе ги пропушти дуелите со Лил и Селтик во Лига Европа, односно со Фиорентина во Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг