Евра по неверојатниот рекорд на „црвените“: Овој тим на Ливерпул ќе биде „голем“ само кога…

Дерби

23/11/2020

11:57

1.985

Големина на фонт

а а а

Ливерпул го доби дерби натпреварот против Лестер кој се одигра во вечерниот неделен термин со уверливи 3:0 и со прикажана фантастична игра на теренот, но оваа средба посебно ќе се памети и по тоа што избраниците на Јирген Клоп поставија еден уникатен клупски рекорд.

„Црвените“ имаат страшна серија од позитивни резултати на домашен терен и изминатава вечер стигнаа до 64-от натпревар на кој немаат пораз на „Енфилд Роуд“, неверојатна низа која прави овој тим на Клоп да избие на чело на вечната листа во долгогодишната историја на тимот.

Овој податок е само уште еден приказ за фантастичната работа на Клоп и целиот тим во изминатите три сезони, но оваа серија сепак не го импресионира доволно Патрис Евра кој смета дека овој тим на Ливерпул се уште не може да се смета за еден од најголемите.

– Мора малку да се смириме и да не даваме избрзани заклучоци. Досега се одиграни само девет меча во оваа сезона, има уште многу. Овој тим на Ливерпул ќе биде голем кога ќе освои три титули во Премиер лигата во низа. Ако не победат оваа година, нема да ги нарекувам неверојатен и голем тим.

– За мене, се е во константноста, тимот е голем кога победува од година во година. Само тогаш ќе го наречам овој тим на Ливерпул „Голем“. Многу тимови во минатото ја освојувале лигата, за мене овој тим на Ливерпул ќе биде голем кога ќе освои три титули во низа, – заклучи Евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг