Полската Влада ги ублажува мерките, но под еден услов...

Точка

21/11/2020

19:01

2.248

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки соопшти денеска дека од идната сабота ќе бидат отворени трговските центри за да се зајакне малопродажниот сектор во периодот на Божиќните празници.

Владата на Полска одлучи од 7-ми ноември да ги затвори местата за излегување и забава ширум државата, како и некои продавници поради ширењето на коронавирусот во земјата.

Моравјецки најави ублажување на овие мерки, но порача дека сето тоа ќе биде условено со одржувањето на дисциплината од страна на луѓето, посебно во продавниците и на секое работно место.


„Ублажувањето на мерките може да спаси стотина илјади работни места и затоа одлучивме да ги ублажиме мерките“, изјави Моравјецки и порача дека училиштата сепак ќе останат затворени до периодот после католички Божиќ.

Од почетокот на пандемијата, во Полска се регистрирани над 843 илјади заразени со коронавирус, а како последица на коронавирусот починаа 13,288 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг