Бројката на заразени со коронавирус во Русија е зголемена за 24,822, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, е ова е четврти пат оваа седмица Москва да пријавува рекорден број на новозаразени на дневно ниво.
Бројот на нови смртни случаи од последниот во текот на вчерашниот ден е исто така највисок на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа како последица на коронавирусот починаа 467 лица.
Ситуацијата во Русија и натаму е критична, а од почетокот на пандемијата во оваа земја досега се регистрирани 2,064,748 случаи, а вкупно починаа 35,778 лица.
Досега од вирусот се опоравија вкупно 1,577,435 лица, а овој број е зголемен за 26,021 во однос на претходното деноноќие.