Скопје и Охрид како Амстердам: Заев најави легализација на марихуаната, ќе може да се конзумира во кафулиња...

Точка

20/11/2020

14:29

10.858

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев, во интервјуто за „Дојче Веле“ најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места ширум земјава.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди - вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, изјави Зоран Заев и појасни дека целта е целиот процес да биде контролиран како во Амстердам и во другите градови ширум светот.

Премиерот порача дека верува дека тоа ќе донесе развој за угостителството и за туризмот во Македонија, а стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

„Верувам, за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места“, изјави Заев за „Дојче Веле“.

Сепак, првиот човек на македонската Влада вети дека на оваа тема ќе биде отворена широка дебата, па ако мнозинството не се согласи со идејата за легализација на марихуаната, тогаш нема да има легализација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг