Тажна вест: Почина Љубисав Иванов - Ѕинго

Точка

17/11/2020

10:13

7.180

Големина на фонт

а а а

Денеска, на 85 годишна возраст, почина Љубисав Иванов - Ѕинго, долгогодишен пратеник во Собранието на Македонија и лидер на Социјалистичката партија.

Ивнаов авршил Рударско-геолошки факултет и беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово. Тој беше поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Од него преку пост на Фејсбук се прости Фудбалската федерација на Македонија:

"Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов - Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов - Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов - Ѕинго.

Нашите мисли сѐ со Вас.

Муамед Сејдини

претседател на Фудбалска федерација на Македонија"

За претседател на СПМ бил избран на Вториот конгрес на СПМ кој се одржал во јули 1995 година и бил реизбран на Третиот, Четвртиот, Петтиот и Шестиот конгрес на СПМ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг