Проект вреден 140 милиони евра – луксузен „хотел на вода“ во градот во кој температурите во текот на зимата достигнуваат до 30 степени целзиусови

Точка

16/11/2020

16:15

3.232

Големина на фонт

а а а

Во земјата во која што температурата во најстудените месеци од годината може да достигне и до 30 степени целзиусови сместени се објекти на вода.

„Sea Palace“ е името на новиот луксузен хотел и ресорт во Дубаи. Станува збор за „пловечки хотел“ кој што „El Bahrawy Group“ планира да го изгради со шест пловечки куќи со име Нептун во пристаништето во Дубаи каде што ќе бидат закотвени.

И додека во хотелот може да престојуваат сите заинтересирани патници, пловечките куќички ќе бидат наменети за продажба. Секоја куќичка ќе се простира на 900 квадратни метри, ќе опфаќа четири соби со бања, кујна, дневна соба, тераса и базен на кровот.


Нив ги дизајнирала локалната компанија „Seagate Shipyard“ и сигурно ќе може да се преместуваат од едно на друго место на пристаништето.

Во земјата во која што температурата во најстудените месеци од годината достигнува околу 25 степени целзиусови, ќе има спектакуларни објекти на вода.

Овој проект во Дубаи е вреден околу 140 милиони евра. Куќичките би требало да бидат готови до крајот на годината, а хотелот е во почетна фаза на изградба.