Шилегов за бугарска телевизија: Изјавата на Захариева за Тито е чиста глупост!

Точка

16/11/2020

14:31

7.238

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во разговор за бугарската „Телевизија Европа“, проговори за актуелните теми со кои се засегнати двете нации, посебно со срамните услови кои Бугарија ги бара да бидат исполнети од страна на Македонија, како услов за влез во Европската унија.

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева вчера изјави дека не може Македонија 30 години да бара да биде дел од Европската унија, а истовремено да го слави еден од „најмрачните диктатори во историјата“ – Јосип Броз Тито.

Град Скопје во рамките на одбележувањето на „13 Ноември“, односно Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичката окупација во Втората светска војна, организираше „Тура низ Скопје со маршалот Тито“, а Шилегов ја обвини Захариева дека Бугарија сега ги „изместува тезите“.

„Изместувањето на тезите е барање на алиби за глупоста. Секоја глупост бара алиби, а ставот на Захариева не е ништо друго освен глупост. Град Скопје во рамките на одбележувањето на „13 Ноември“, ден кој е значаен во нашата историја, организираше изложба од поставката на Јосип Броз Тито“, порача Шилегов.

На прашањето за контроверзната теза дека во ослободувањето на Скопје учествувале и бугарски војски, Шилегов одговори дека Скопје е ослободено од партизанска единица на НОБ.

„Тоа што се случило во 41-та година е окупација на Македонија од царската бугарска војска која во 44-та поради сплет на околности се трансформирала. Да се зборува дека окупаторите кои се трансформирале, го ослободиле Скопје е непринципиелно, тие биле тука како окупациска војска. Не може да се избегне дека Бугарија била сојузник на фашистичка Германија“, порача меѓу другото градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг