Трамп во јануари ќе учествува на сопствената инаугурација

Точка

13/11/2020

21:01

4.767

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на Белата куќа, Кејли МекЕнани, на прашањето дали актуелниот претседател Доналд Трамп во јануари ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, порачала дека мисли дека Трамп ќе присуствува на сопствената инаугурација.

Иако и со официјални резултати било потврдено дека кандидатот на Демократската партија Џо Бајден е победник на претседателските избори одржани на 3-ти ноември, администрацијата на Трамп тоа и натаму го негира. 

МекЕнани гостувала во програмата на "Fox Business", каде новинарот ја прашал дали Трамп планира да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден, планирана за јануари 2021-ва година, на што таа дала интересен одговор.

"Мислам дека Трамп ќе присуствува на сопствената инаугурација. Мора да биде присутен бидејќи ќе мора да даде заклетва".

Американскиот државен секретар Мајк Помпео исто така на прашањето дали ќе дојде до лесна транзиција со тимот на Бајден, одговорил: "Ќе биде тоа лесна транзиција во вториот мандат на Трамп".