Бајден сепак победи во Аризона: Во последните 70 години тоа му успеа само на Клинтон

Точка

13/11/2020

09:26

1.683

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден победи и во американската сојузна држава Аризона, со што заработи уште 11 електроски гласови.

Само два пати во повеќе од седум децении, Демократ успеа да ја однесе победата во Аризона на претседателски избори, што е голема промена во сојузната држава која важи за едно од најголемите упоришта на Републиканската партија.

„СиЕнЕн“ уште во четвртокот предвиде дека Џо Бајден ќе оствари победа и во Аризона.

Аризона е првата сојузна држава на овогодинешните избори која еден кандидат ја презеде од ривалската парија, во однос на претходните избори во 2016-та година. Кандидат на Демократите во оваа сојузна држава победи само еднаш во последните 72 години - тоа беше Бил Клинтон во 1996-та година.


Како што пренесува „СиЕнЕн“, на победата на Бајден веројатно влијаеа три клучни фактори - растечката латино популација која повеќе е наклонета кон Демократите, пораст на бројот на гласачи кои во Аризона се доселија од „полибералните“ држави како Калифорнија и Илиноис, како и граѓаните од предградијата кои не се согласуваат со политиката на Трамп.

Трамп, инаку, се уште го нема признато поразот на претседателските избори, иако Бајден освои повеќе од потребните 270 електорски гласови.