Стејт департментот ги блокира пораките од странските лидери до Бајден

Макфакс

12/11/2020

13:28

520

Големина на фонт

а а а

Пораките од странските лидери до новоизбраниот претседател Џо Бајден, наводно, седат непрочитани во Стејт департментот бидејќи претседателот Трамп ја блокира транзицијата на новата администрација, пренесува „Њујорк пост“.

При нормална претседателска транзиција, избраниот претседател може да ги искористи ресурсите на Стејт департментот за подобро да ги менаџира комуникациите помеѓу идната администрацијата и светските лидери, вели Си-ен-ен.

Бидејќи Трамп одби да се повлече, Бајден и неговиот тим ја презедоа задачата приватно, без поддршка од владата. Но, тие повеќе би сакале да ги користат ресурсите на Стејт департментот, изјави извор за Си-ен-ен.

Бајден викендот веќе разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и со канадскиот премиер Џастин Трудо. Во средата, тој доби честитки од лидерите на Република Кореја, Јапонија и Австралија.

Денис Мекдоно, кој работеше за поранешниот претседател Барак Обама и помагаше при неговото преминување на власт, за Си-ен-ен изјави дека повиците во овој период не се многу чувствителни.

„Овие повици во минатото се водеа на отворени линии. Тоа се честитки“, рече Мекдоно.