Иако обложување на претседателските избори во САД легално не се нуди преку обложувалниците, се очекува дека повеќе од милијарда долари ќе бидат вложени на нивниот резултат, сметаат во британската обложувалница "GVC".
Тоа е двојно повеќе од износот кој е потрошен на изборите во 2016-та година, кога претседателот Трамп ја победи Хилари Клинтон, според зборовите на шефот на политичката обложувалница "GVC".
"Ова е огромен пазар", рекол Шадик. "Двојно поголем од 2016-та година, што лесно го прави најголем политички настан во историјата. Тоа би можело да биде најголем пазар во историјата и да го надмине и фудбалот ширум светот. Претпоставувам дека досега се вложени 1,3 милијарди долари" додал тој.
Фаворит на "GVC" е Бајден, исто како и во "William Hill".
"Предвидуваме дека ова ќе биде најголем настан во 2020-та година", рекол меѓународниот портпарол на "Wil Hill", Руперт Адамс. "Бројките се едноставно шокантни".
Иако обложувалниците во САД не можат да понудат обложување на изборите, дел од нив организирале бесплатни натпревари за клиентите, известува "USA Today".
Во "ФанДуел" повеќе од половина учесници предвидуваат дека Трамп ќе биде победник, додека повеќе од жителите во 49 од 50 држави кои учествуваат во натпреварувањето го избрале Трамп како победник. Исклучок е Колорадо.