Скопскиот кафе-бар „Интермецо“ продолжил да работи и покрај забраната, Богдановиќ најави кривична пријава

Точка

31/10/2020

13:00

2.750

Големина на фонт

а а а

Иако претходно инспекциските служби му изрекле решение за забрана на работа од 30 дена, кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа во текот на вчерашниот ден.

Во врска со ова се огласи и градоначалникот на Општина Центар со оглед на тоа што кафе-барот се наоѓа во Капиштец и порача дека ќе биде поднесена кривична пријава до надлежните органи.

„По извршените контроли на кафе барот ‘Интермецо’, вчеравечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена. Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години. По добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат“, напиша Богдановиќ на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Инаку, инспекторите на Општина Центар го затворија кафулето поради гласна музика откако биле примени повеќе поплаки од жителите на општината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг