Да не е прерано? Режисерот Мајкл Беј претстави филм за Ковид-23, трејлерот доби низа негативни критики

Точка

30/10/2020

12:52

2.546

Големина на фонт

а а а

„Songbird“ е новиот филм на Адам Мејсон кој настанал во соработка со Мајкл Беј, а истиот веднаш по објавувањето на трејлерот ги подели мислењата на публиката.

Имено, филмот претставува модерна приказна за Ромео и Јулија. Приказната се одвива во 2024 година во која мутиран облик на коронавирус, наречен Ковид-23, го пустоши светот. Трејлерот прикажува дека светот е заробен во пандемија веќе 4 години и дека има 8,4 милиони смртни случаи годишно. 

Главните улоги ги толкуваат Кеј Џеј Апа и Софија Карсон, пар кој пандемијата го разделил. Филмот претставува свет во кој постојат ковид концентрациони кампови, а сите кои ќе се обидат да го напушат својот дом без дозвола ќе бидат застрелани.


„Тоа е дистописки, морничав свет, но и филм за две личности кои сакаат да бидат заедно, но не можат“, вели режисерот Адам Мејсон.

Многу љубители на филмската уметност сметаат дека сега не е време за вакви филмови кои уште повеќе ќе ја исплашат јавноста. Трејлерот веќе доби низа негативни оцени, а луѓето сметаат дека никој не сака да гледа ваков филм во овие моменти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг