Одбила пица бидејќи "црните луѓе се заразени": Сопственикот на пицеријата ја посрамил на Фејсбук

Точка

30/10/2020

13:11

1.968

Големина на фонт

а а а

Веста за жената која во неаполската пицерија "Фејл" одбила да ја изеде нарачаната пица бидејќи келнерот кој ја послужил бил црн, станала вирална на социјалните мрежи.

"Ах, па црн е", вака таа жена, која му е позната на сопственикот на пицеријата, прокоментирала кога го видела келнерот со потекло од Бангладеш, кој ја послужил. 

Одбила да ја изеде нарачаната пица тврдејќи дека келнерот, бидејќи е странец, сигурно е заразен со коронавирус, пренесува "Fanpage".

Сопственикот на пицеријата Џузепе Граната се обидел да и објасни дека неговиот помошник Полаш е уредно вработен и дека редовно работи на сите мерки за превенција кои се пропишани.

Ништо не помогнало, па сопственикот на пицеријата ја замолил да излезе и повеќе да не се враќа.

"Госпоѓа", го користам овој термин само поради нејзините години - објаснил сопственикот на пицеријата, кој целиот случај го опишал на својот профил на Фејбук,со фотографија на која тој и неговиот келнер, за инает на госпоѓата, заедно јадат пица.

Коментарот и фотографијата од Фејсбук биле преземени и споделени на социјалните мрежи неколку десетици илјади пати во рекорден рок со пофални зборови за сопственикот и неговата реакција.

Mai avrei immaginato di dover invitare ad uscire un cliente dal mio locale per atteggiamenti poco graditi.

E invece mi...

Posted by Giuseppe Granata on Thursday, 22 October 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг