Рашфорд објасни зошто му го препушти пеналот на Марсијал иако имаше шанса да постигне хет-трик

Дерби

29/10/2020

11:40

1.310

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд одигра фантастичен натпревар против РБ Лајпциг и беше моторот на Манчестер Јунајтед во убедливата победа од 5:0 против германскиот противник.

Рашфорд во игра влезе на 25 минути до крајот на натпреварот и за тој период успеа да постигне три погодоци во мрежата на Гулакси.

Освен головите, еден момент од средбата против Ред Бул Лајпциг ќе остане запаметен меѓу фановите на Манчестер Јунајтед

Имено при резултат 3:0, Манчестер Јунајтед доби пенал кој го избори Антони Марсијал. Рашфорд ја зеде топката за да шутира и да комплетира хет-трик, негов прв во кариерата, но во тој момент се случи пресврт.

Рашфорд му дозволи на Марсијал да го изведе пеналот, а нешто подоцна стигна и наградата за младиот англиски фудбалер кој на крај стигна до посакуваниот хет-трик.

По натпреварот Рашфорд објасни зошто му дозволил на Тони Марсијал да го шутира пеналот.

– Имавме мала дискусија пред шутирањето. Бев убеден дека Антони ќе погоди, па немаше проблем да му го отстапам изведувањето на пеналот, -изјави скромниот Рашфорд.

Фановите на социјалните мрежи пак се запрашаа зошто пеналот не го извел Единсон Кавани на кого ќе му беше овозможено со гол да дебитира во Лигата на шампионите за „црвените ѓаволи“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг