Пратениците од СДСМ и Министерот за здравство Венко Филипче се премислија и го повлекоа предлогот кој предвидуваше контрола во домовите на граѓаните и казни доколку има повеќе од четири гости.
Останува мерката за задолжителното носење на маска на отворено, а од неа поштедени се следните лица:
- Лица кои активно спортуваат
- Деца под 6 години
- Доколку се возите сам во автомобил или со свето семејство
- Деца со хронични болести или пречки во развој
Во однос на маските, казните и натаму остануваат исти, 20 евра за неносење на маска, а 50 евра за непочитување на изолацијата.
Вечерва се очекува да заврши расправата во Комисијата и измените да се најдат на пленарна седница.