Бурна дебата во Собранието: Ристески го нарече министерот Филипче „кецарош“

Точка

28/10/2020

14:37

1.843

Големина на фонт

а а а

Расправата на Комисијата за здравство во Собранието денеска помина бурно, со обвинувања и бројни навреди.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче, истакнувајќи дека новите мерки се задоцнети и нема да дадат добар резултат.

„Нормално е да побараме оставка од вас, имате 1000 починати. Мерките се задоцнети, нема да дадат резултат“, порача пратеникот Петар Ристески и запраша зошто хронично болните одат на работа, ако се знае дека смртноста меѓу нив е најголема.

„Вие сте единствен што не носи маска овде цела седница и вие ќе ми зборувате за мерките? Не носите маска цела седница. Хроничните пациенти се целосно заштитени, на почетокот не одеа сите на работа, а сега од специјалист се ослободени 6 месеци“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во пандемија нема проценка за вирус за кој не е познато се, ниту пак за трансмисијата. Сите овие мерки се идентични насекаде во светот“, порача Филипче.

На ова пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ му одговори дека Македонија има најкатастрофални резултати и дека нема да слуша „кецарош“, туку некој што има добри резултати. Ристески меѓу другото порача дека неговата партија бара формирање на нова Комисија за заразни болести, затоа што од актуелната не се задоволни.

До вчера, во земјава се регистрирани 27,827 заразени со коронавирус, а како последица на вирусот починаа 949 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг