Погледнете како падна банда навивачи – шверцери на дрога: Биле поврзани со албанската мафија

Точка

27/10/2020

20:30

4.709

Големина на фонт

а а а

Полските и шпанските власти разоткрија мрежа на наркодилери поврзани со навивачи од Краков, кои се осомничени дека од 2011-та година прокриумчариле 15 тони марихуана вредна 88 милиони евра, соопштија од Европол.

Истрагата траела три години, а деновиве кулминираше со апсење на 13 лица, најверојатно лидери на криминалната организација во Полска и Шпанија.

Полскиот дел од бандата бил поврзан со навивачи на спортски клуб од Краков, а се претпоставува дека покрај со марихуана, криминалците тргувале и со хашиш и кокаин. Групата соработувала со албанска криминална група за криумччарење на кокаин во Велика Британија.

Како што соопштија полските власти, групата ја прокриумчарила дрогата во возила за храна од Шпанија во други земји од Европската унија, пред се во Белгија, Германија, Холандија, Полска и Велика Британија.

При апсењето, освен дрога и оружје, пронајдени се украдени автомобили, како и банкарски сметки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг