Едногодишно дете од Кавадарци позитивно на коронавирус, кавадарчанка починала на пат кон скопската клиника

Точка

27/10/2020

16:31

1.751

Големина на фонт

а а а

Денеска во Кавадарци се регистрирани 11 нови случаи на Ковид-19, а помеѓу нив е и дете на возраст од само една година.

Како што известува Центарот за јавно здравје – Кавадарци, детето не одело во градинка. 

Денеска на пат кон скопската клиника почина 65-годишна кавадарчанка заразена со коронавирус. Таа била хоспитализирана на Ковид-19 одделението во кавадаречката болница, а покрај тоа што била позитивна на вирусот, имала и други заболувања, пренесува „Фокус“.

Во последните 24 часа во Кавадарци се потврдени 11 нови позитивни случаи на Ковид-19, а бројот на активни случаи се искачи на 183.

Ковид-19 одделението во кавадаречката болница забрзано се полни, а моментално се хоспитализирани 18 пациенти со средно тешка клиничка слика. Капацитетот е 23 легла, а се размислува и за негово проширување, во зависност од текот на состојбата со ширењето на вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг