Денеска ќе биде погребан Амди Бајрам

Макфакс

25/10/2020

11:09

1.349

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст, во текот на денот ќе биде погребан.

Погребот е закажан за во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните, соопшти Сојузот на Ромите.

Министертството за здравство изразува сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително порачуваат дека неопходно е да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.

Амди Бајрам бил донесен во приватна болница во веќе егзитирана состојба. На починатиот му бил земен брис, а резултатот потврдил присуство на вирусот Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг