Во Сирија ноќта се претвори во ден: Складишта со нафта на про-турските милитанти кренати во воздух...

Точка

24/10/2020

14:40

1.959

Големина на фонт

а а а

Силни експлозии го потресоа северот на Сирија, а на мета се најдоа нафтени складишта на про-турските милитанти на сириско-турската граница.

Според првичните информации, нафтените складишта биле нападнати од засега непознат авион, а претходно на тоа подрачје биле забележани дронови на американското воено воздухопловство.

Сириските медиуми пак тврдат дека нападот бил извршен од Американците кои во провинцијата Алепо ги уништиле нафтените складишта.

Во изминатите неколку седмици, борбени дронови на американското воено воздухопловство ги нападнаа лидерите на милитантите во зоната на дееаскалација во сириската провинција Идлиб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг