Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Макфакс

22/10/2020

20:30

538

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на српскиот парламент. Со 226 гласа „за“ и 1 „против“ беше изгласан за новата функција.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мојот избор на висока функција. Сакам да им кажам на оние што не гласаа или беа против дека ова е собрание на сите граѓани и дека единственото нешто што го барам е толеранција. Само обединета Србија може да одговори на предизвиците што нè чекаат. Му благодарам на претседателот Александар Вучиќ на предлогот за мојот избор и за мене како државотворен политичар, ова пртетставува најголема чест оти ова е една од највисоките места во власта во државата. Сакам да придонесам за политичкото единство во Србија и да го заштитам угледот на Собранието“, изјави Дачиќ.


Пред да биде избран за претседател на Собранието, Дачиќ ѝ ја предаде должноста шеф на дипломатијата на премиерката Ана Брнабиќ, која ќе биде в.д. на позицијата до изборот на новата влада, што се очекува в среда, 28 октомври.




Спонзорирани линкови

Маркетинг