Новак секогаш наглас ја кажува вистината: „Можам утре да ја завршам кариерата, не сум принуден професионално да играм тенис“

Точка

22/10/2020

16:40

2.820

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, разговарал со новинарите на тренингот во Белград и раскажал за амбициите за финишот на сезоната.

Кога станува збор за неговите амбиции, Ѓоковиќ бил прашан за историската трка со Надал и Федерер, односно желбата да биде најдобар пред своите ривали.

Српскиот ас порача дека отсекогаш транспарентно ги изнесува своите цели и дека во овoј случај таа трка е мотивација за него, а не притисок:

„Мојата цел е историски да бидам тенисерот со најмногу седмици на првото место. Е, дали на некој му пречи тоа? Не знам, но секогаш ќе кажам наглас тоа што сакам.


Тоа што јас го имам и другите амбиции поврзани за асоцијацијата на играчите, мислам дека умеам сè да избалансирам. Немам никаква потреба да ја продолжам професионалната кариера, можам да завршам со тенисот утре и да бидам задоволен. Но, мене задоволство ми е да играм. Ја чувствувам таа детска енергија кога го држам рекетот во раце, па сè додека е така ќе подолжам да играм.

А, додека сум професионалец ги имам најголемите амбиции затоа што тие не ми се притисок, туку мотивација“ - изјавил Ѓоковиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг