Трамп: Бајден е најлошиот претседателски кандидат во историјата

Макфакс

19/10/2020

15:36

819

Големина на фонт

а а а

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на митингот во Висконсин го опиша својот демократски претседателски ривал, Џо Бајден, како најлошиот кандидат во историјата.

„Ако изгубам, што да правам? Повеќе би сакал да се кандидирал против некој што е исклучително талентиран, барем на овој начин можам да го водам својот живот“, им рече Трамп на своите приврзаници во Висконсин.

Трамп повторно инсистираше на тоа дека е имун на Ковид-19, велејќи дека брзо закрепнал и дека сега може да скокне во публика и да ги бакне сите, и жените и мажите.

„Но, нема да изгубиме, ќе победиме со повеќе гласови“, додаде Трамп.

Бајден и Трамп, наместо на вообичаена дебата, своите мислењата ги спротивставија одговарајќи на прашања на граѓаните во телевизиски пренос на ТВ-станици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг