Точка ТВ: 3 најсмртоносни европски туристички атракции – нереален поглед и опасност која „ве демне“

Точка

19/10/2020

15:30

2.858

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да патувате и да истражувате, тогаш треба да ги знаете и последиците кои што може да ги имате во овие места кои што можат да бидат опасни, доколку не внимавате.

Многу луѓе во текот на своите патувања сакаат да го почувствуваат адреналинот и да уживаат во волшепствата на новите места кои што ги истражуваат. Поради тоа внимавајте доколку ги посетувате овие места:

„Мохерските карпи“ во Република Ирска

На западното крајбрежје од Ирска се наоѓа едно од најистакнатите обележја на државата - Мохерските карпи, долги 8 километри, а достигнуваат висина до 213 метри, на својата највисока точка. Овој дел навистина ги привлекува туристите, но малкумина знаат дека токму таму многу луѓе ги загубиле своите животи. Иако нудат божествен поглед и прекрасни пејзажи за фотографирање, карпите се стрмни и лесно може да изгубите рамнотежа.

Кралскиот мал пат во Шпанија

Уште една прекрасна, предизвикувачка, но и многу опасна атракција која што се наоѓа во Шпанија. Станува збор за пешачка стаза во провинцијата Малага која што е изградена од бетон, а од страните се наоѓаат стрмни планински „ѕидови“ кои што некаде се високи и до 3 метри. Ѕидовите се широки само 3 метри, а многу од туристите ја пробале својата среќа таму, па ги изгубиле своите животи.


Мон Блан во Франција

Мон Блан или како што ја нарекуваат „Белата Планина“ е масив сместен во Алпите, лежи покрај француско-италијанската граница, а достигнува до Швајцарија. Станува збор за највисокиот врв на Алпите и највисокиот врв во Европа - околу 4.807 метри. Тој е исклучително опасен, а таму годишно има над 100 жртви. Причина за тоа најчесто се временските услови, изненадувачките лавини и невремињата како што се кршењата на камењата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг