Во една земја Apple ќе мора да го продава новиот iPhone 12 со слушалки...

Точка

16/10/2020

19:29

2.200

Големина на фонт

а а а

Имено, на официјалното претставување, Apple најави дека новите iPhone 12 модели нема да пристигнат со слушалки и полнач, што предизвика доста негодувања кај корисниците.

Сепак, љубителите на Apple во Франција нема потреба да се грижат за тоа, затоа што според тамошен закон, новиот iPhone 12 ќе мора да се продава заедно со слушалки.

Имено, француските закони налагаат телефоните да мора да доаѓаат во комплет со “handsfree” системи или слушалки, за децата помлади од 14 години да бидат заштитени од електромагнетно зрачење.


Властите на Франција не веруваат дека здравствените ефекти од долготрајното излагање на зрачење на паметните телефони се дефинитивно одредени, посебно кај децата, па ниту еден таков уред не смее да се продава без во пакувањето да има слушалки.

Исто така, во пакувањето мора да има јасно и едноставно упатство за користење на слушалките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг