Претседателот на Азербејџан обвинува: Ерменија со цивилни авиони криумчари оружје од Русија

Точка

16/10/2020

18:15

1.661

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев вели дека Баку има информации дека Ерменија криумчари оружје од Русија со цивилни авиони, но и дека од руските власти добил уверување дека Русија не испраќа оружје во Јереван.

Алијев меѓу другото изјави дека за градење на турски бази во Азербејџан никогаш не било разговарано.

„Ерменија неодамна набави авион, според нашите податоци, за 30-40 милиони долари. Авионот го обезбедиле богатите ерменски бизнисмени кои живеат во Русија – Карапетјан, Абрамјан и други. Тие испраќаат Ерменци од Русија во Нагорно-Карабах како платеници. Истовремено, набавката на авионот „Ил-76“ им овозможи со криумчарење да транспортираат оружје. Во тој авион имало против-тенковско вооружување „Корнет“ како и „Игла“ ПВО системот“, изјави Алијев.


Како што додаде, Ерменија со криумчарење дошла до руските ракети, а Баку официјално се обратиле до Меѓународната организација за цивилна авијација.

„Тоа е меѓународен злочин. Од руските власти добивме објаснување дека Русија не испраќа оружје во Ерменија. Според нашите податоци, оружјето во Јереван се префрлува со криумчарење и во тој правец се води истрага“, изјави Алијев и демантираше дека се разговарало за изградба на турска воена база во Азербејџан.


„Изградбата на турска воена база во Азербејџан никогаш не била предмет на расправа“, изјави Алијев.

Да потсетиме, борбите на контакт линијата во Нагорно-Карабах започнаа на 27-ми септември, а Баку и Јереван меѓусебно се обвинуваат за избивањето на судирот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг