Шефот на француската дипломатија: Станува јасно дека само една земја не сака примирје на Кавказот, а тоа е Турција!

Точка

16/10/2020

15:24

1.827

Големина на фонт

а а а

Додека продолжуваат судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно-Карабах, министерот за надворешни работи на Турција го прозва најголемиот сојузник на Баку, Турција.

Помина речиси една седмица откако во Москва беше договорено примирје помеѓу Ерменија и Азербејџан, но тоа примирје се распаѓа секој ден од моментот на стапување на сила минатата сабота.

Двете страни повторно меѓусебно се обвинуваат за нападите, а претседателот на Азербејџан се закани дека неговата војска ќе ја преземе контролата над целиот спорен регион Нагорно-Карабах „доколку Ерменија продолжи да делува негативно“.


Во меѓувреме, се огласи и францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан кој ја прозва Турција.

„Нема да има воено решение тука и затоа примирјето мора да биде воспоставено. Тоа што можеме да го видиме е дека единствената земја која не го почитува примирјето е Турција и тоа е штетно“, изјави шефот на француската дипломатија.

Да постетиме, ерменските власти неодамна обвинија дека се одложува испораката на 100 тони хуманитарна помош од САД, затоа што Турција ги забранила летовите со хуманитарна помош за Ерменија над својот воздушен простор. Ерменските власти во средата добиле известување дека летот на Qatar Airways од Лос Анџелес е откажан, но не е образложено зошто.

Меѓународните организации, вклучувајќи го Меѓународниот одбор на Црвениот крст, предупредија дека поради судирите во екот на пандемијата на коронавирусот, на десетици илјади луѓе ќе им биде потребна помош во текот на следните месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг