(Видео) Крај на работно време до 23 часот, ограничувања во јавниот превоз: Од понеделник можно воведување на нови рестриктивни мерки

Точка

16/10/2020

11:56

4.711

Големина на фонт

а а а

По вчерашните 535 новозаразени и 6 починати пациенти, како и рекордниот број на 461 хоспитализирани пациенти во болниците низ цела Македонија, денеска Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестритивни мерки, освен оние кои ги предложија минатата недела, а за кои Владата одлучи дека прво треба да се направат законски измени за да може да стапат на сила.

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека се размислува за нови дополнителни мерки кои ќе бидат предложени до Владата овој понеделник, а истите вклучуваат ограничување на бројот на патници во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за организирање на секакви настани и крај на работното време за сите објекти во 23 часот. 

Целта на ваквите рестриктивни мерки е намалување на ширењето на вирусот без директен контакт бидејќи се поголем број од заразените не знаат каде и од кого се заразиле, пренесува „А1Он“.

„Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат новодијагностицираните случаи и ова е нешто што сите го очекувавме, согласно очекуваниот есенски бран, зголемена концетрација на случаи во сите земји во регионот. Во Европа исто така, и практично во сите овие земји се воведуваат некаква форма на рестриктивни мерки“, рече Филипче.

За претходните мерки кои веќе се предложени до Владата, а истите вклучуваа задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од 4 лица, потребно е да се направат законски измени за Собранието идната недела да може да ги изгласа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг