Ерменците обвинуваат: Турција спечува достава на хуманитарна помош во Нагорно-Карабах

Точка

15/10/2020

17:07

1.307

Големина на фонт

а а а

Ерменија ја обвини Турција дека ги спречува авионите со хуманитарна помош да го користат турскиот воздушен простор, додека борбите во Нагорно-Карабах го вовлекуваат регионот во катастрофална хуманитарна криза.

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето склучено пред помалку од една седмица, со цел да се овозможи размена на заробениците и телата на убиените во судирите кои избија на 27-ми септември.

Актуелниот конфликт е најсмртоносен од 90-тите години од минатиот век кога 30 илјади луѓе беа убиени во Нагорно-Карабах, територија која меѓународно е призната како дел од Азербејџан, но на која живеат и дефакто ја управуваат етнички Ерменци.

Меѓународните организации, вклучувајќи го Меѓународниот одбор на Црвениот крст, предупредија дека поради судирите во екот на пандемијата на коронавирусот, на десетици илјади луѓе ќе им биде потребна помош во текот на следните месеци.


Зарех Синанјан, ерменски висок советник за прашања на дијаспората изјави дека се одложува испораката на 100 тони хуманитарна помош од САД, затоа што Турција ги забранила летовите со хуманитарна помош за Ерменија над својот воздушен простор.

Ерменските власти во средата добиле известување дека летот на Qatar Airways од Лос Анџелес е откажан, но не е образложено зошто.

„Имаме основа да тврдиме дека Турција намерно ја затворила воздушната линија“, изјави Татевикк Ревазјан, шеф на ерменскиот одбор за цивилно воздухопловство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг