Пашинјан предупредува: Светот не смее да дозволи да се појави нов Хитлер, овој пат во Мала Азија

Точка

14/10/2020

18:13

3.275

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, обраќајќи се до нацијата, изјавил дека не би требало да постои "Минхенски договор" за Нагорно-Карабах, и предупредил на можноста за појава на "нов Хитлер", овој пат во Мала Азија.

Според неговите зборови, сега многу меѓународни организации не реагираат на тоа што се случува, сметајќи ја формулата "замена на територија за мир" како прифатлива. 

Пашинјан рекол дека тоа го потсетува на Минхенскиот договор од 1938-ма година, кога политичката пацификација, која ја спроведувало раководството на Велика Британија и Франција, довела до тоа Германија да добие дел од територијата на Чехословачка и додал дека последиците од тој договор им се познати на сите.

"Прашањето е дали светот ќе дозволи појава на нов Хитлер, овој пат во Мала Азија", рекол Пашинјан.

Како што рекол, Азербејџан го негира правото на Ерменците кои го населуваат Нагорно-Карабах да управуваат со својата судбина.

Истовремено, тој ја споредил реакцијата на меѓународната заедница на делувањето на Турција на Јужен Кавказ со Минхенскиот договор од 1938-ма година.

Според неговите зборови, Ерменија претходно сметала дека, доколку Турција ги постигне своите цели на Јужен Кавказ, тоа неизбежно ќе доведе до верижна реакција, и дека земјите кои би можеле да станат објект на дестабилизација треба да преземат стратешки мерки за спречување на тоа.

"Но, во оваа фаза констатирана е чудна околност. Бројни држави со способности за стратешко спротивставување не ја проценија заканата исправно и продолжуваат прашањето да го разгледуваат само во контекст на Карабах и сметаат дека формулата територија во размена за мир може да ја спаси ситуацијата. Таа ситуација е неприфатлива за нас", рекол Пашинјан во видео-обраќањето до своите сонародници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг