Точка ТВ: Необични навики кои може да ги стекнете само во Германија

Точка

13/10/2020

20:54

3.365

Големина на фонт

а а а

Баш како во Шпанија што лесно може да ја стекнете навиката за вечерање во доцните часови, така и кај Гермаците може да стекнете некои од следните навики.

„Без прекинување, ве молам“

Никогаш немојте да прекинувате Германец додека зборува. Една од причините е тоа што глаголот во германскиот јазик е на крајот од речениците, па може да ја изгубите смислата за реченицата која што сакате да ја кажете. Освен тоа многу од Германците ќе запрат со своето зборување доколку им кажете „Супер“, „Навистина?“ или пак „Не можам да верувам“, сред реченица.

Фудбалот за нив е „бог“

„Сакам да играм фудбал и да гледам натпревари, но неверојатно е колку тој спорт е вкоренет во германската култура. Секогаш може да најдете пренос на некакви натпревари, спортски коментари или пак емисија од тој вид на радио или телевизија. Луѓето со сета страст навиваат за фудбалскиот клуб којшто го сакаат“.

Брутална смисла за хумор

Германците имаат специфична смисла за хумор, саркастичен е, а понекогаш и брутален, а иронијата за нив е како „добар ден“.

Само искрено

Додека Французите често се сметаат за „расипани“, Германците се на списокот на луѓе „без влакна на јазикот“. Тие секогаш сè кажуваат директно, па дури и доколку тоа нема да ги исполни очекувањата на соговорникот.


Само „меурчиња“

Минералната вода во Германија е насекаде. Доколку во некое кафуле нарачате кафе, тогаш задолжително ќе ве послужат и со минерална вода, без да ја нарачате.

Зборувате ли англиски јазик?

Германците одлично зборуваат англиски јазик, но доколку ги прашате за тоа, ќе ви одговорат: „Малку“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг