Комисијата за заразни болести размислува за скратување на работното време за сите бизниси

Точка

13/10/2020

13:38

10.896

Големина на фонт

а а а

Денеска на редовниот состанок, Комисијата за заразни болести не донесе нови препораки во однос на понатамошно спречување на ширењето на коронавирусот во земјава.

Членовите на Комисијата очекуваат денеска Владата да ги усвои минатонеделните препораки кои се однесуваат на задолжителното носење на заштитни маски и на отворено, забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавни простори по 22 часот како и забрани за семејни собири (со оваа препорака едно семејство смее да прими најмногу 4 лица на гости). 

„Денеска немаше ништо посебно на состанокот. Се дебатираше околу тоа од каде е толкавиот број на новозаразени, но за сега не одлучуваме за други рестриктивни мерки, освен за оние кои ги препорачавме минатата недела, а кои очекуваме денеска Владата да ги усвои. Во зависност од актуелната состојба и епидемиолошката слика на земјава, можеби ќе размислиме евентуално за намалување на работното време, но не само на кафеаните и угостителските објекти, туку скратувањето на работното време, размислуваме да биде за сите, и пекарници и рестораните за брза храна и маркети и молови. Ова би било со цел да не се чувствуваат дискриминирани едните или другите“, велат од Комисијата за заразни болести за „Фактор“.

Во моментов во Македонија има 4.015 активни случаи на Ковид-19, а изминатите денови од вкупниот број тестирани, дури 23 отсто беа позитивни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг