Сообраќајното лудило продолжува: Тешка сообраќајка во Трубарево, загинаа дете и возач на мотор...

Точка

11/10/2020

16:30

19.548

Големина на фонт

а а а

Во тешката сообраќајна несреќа која денес се случи во скопското село Трубарево загина 40 годишен возач на мотор, како и 10-годишно дете кое како пешак се нашло во близина на несреќата.

Денес во скопското село Трубарево, возач кој неофицијално бил во алкохолизирана состојба, со голема брзина удрил во возач на мотор, како и уште неколкумина пешаци кои биле во близина на несреќата. Возачот на мотор од силината на ударот летал неколку метри и починал на лице место, а 10-годишното дете било пренесено во ГОБ „Св Наум Охридски“ каде што предмалку им подлегнало на повредите, пренесува „Канал 5“.


Неофицијално, повредени се три лица, а автомобилот удрил и во автобуска постојка.


Ова е уште едно од низата на сообраќајни несреќи и покрај засилените акциски контроли во областа на сообраќајот од страна на МВР. Неодамна, во сличен случај во кој возач на џип кај „Млечен“ во центарот на Скопје уби моторџија, како и бебето на неговата бремена сопруга, судијката Елена Илиевска Јосифовиќ од Основниот кривичен суд Скопје изрече условна казна затвор за возачот со што ја згрози македонската јавност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг