Ерменскиот премиер предупредува: Ако нешто не направите, Турците ќе бидат пред портите на Виена!

Точка

09/10/2020

20:35

4.726

Големина на фонт

а а а

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во интервју за Италијанската Република изјавил дека Ерменија и непризнатиот Нагорно-Карабах се последните пречки на патот на експанзионизмот на Анкара.

„Ако меѓународната заедница итно не интервенира, наскоро ќе ги види Турците пред вратите на Виена, како во 17-ти век“, рекол Пашинјан.

Според него, меѓународно е признато дека Турција ги префрлила борците од Сирија во зоната на конфликти во Нагорно-Карабах, со цел да му помогне на Азербејџан.


„Од таа причина, по целата линија на фронтот, се води борба против тероризмот, каде што цивилизацијата се спротивставува на варварството. Неопходно е да се разбере заканата што ја претставуваат џихадистите кои се наоѓаат во зоната на воени операции“, истакнал Пашинјан.

Тој додал дека опцијата да се елиминира таа закана е меѓународната заедница и европските земји да ја признаат независноста на Нагорно-Карабах.