Поради минирање, во прекин сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Макфакс

06/10/2020

08:52

661

Големина на фонт

а а а

На патниот правец Кичево – Охрид, кај с. Врбјани, поради работи на патот (минирање), во периодот помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10-15 минути.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг