Премиерот на Ерменија одлучен: Можни се преговори дури кога ќе престане агресијата! Сега најважно е да ги заштитиме жителите

Точка

03/10/2020

20:41

3.168

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, смета дека преговорите за решавање на конфликтите во Нагорно-Карабах можни се само ако Азебрејџан ја запре агресијата.

„Кога постои агресија, првата задача е заштита на жителите од агресија. Само после тоа може да се зборува за преговори“, навел тој на Фејсбук, пренесува „TASS“.

Додал дека е уверен дека во ситуација кога постои агресија од големи размери, луѓето во Карабах нема да се повлечат пред агресијата.

Да потсетиме, минатата недела е извршена мобилизација и подготовка за нова војна, а на крајот се слушнале остри тонови и од ерменска страна. Оттука стана јасно дека наскоро ситуацијата ќе ескалира.

Согласно меѓународното право Азербејџан е во право. Нагорно-Карабах и седум други територии, кои беа анектирани од Ерменците, се државна територија на Азербејџан. Ерменија од друга страна инсистира на правото на самоопределување на народот и укажува на тоа дека мнозинското население во Нагорно Карабах се Ерменци.