Масовното производство на вакцина во Велика Британија се очекува да почне за три месеци

Точка

03/10/2020

11:35

1.350

Големина на фонт

а а а

Масовното производство на вакцината против коронавирусот во Велика Британија би можело да започне за три месеци, пренесува „Тајмс“ повикувајќи се на извори од британската Влада.

Научниците кои работат на вакцината против коронавирус на Универзитетот Оксфорд се надеваат дека вакцината ќе биде одобрена на почетокот на идната година.

Здравствените власти проценуваат дека секое возрасно лице во земјата би можело да прими доза од вакцината во период од шест месеци. Извори од Владата за „Тајмс“ откриле дека целиот процес би можел да трае до шест месеци откако ќе добијат одобрение.

Според првичните проценки, потребна е една година за сите да се вакцинираат, но научниците од Универзитетот Оксфорд веруваат дека тоа може да се случи и многу порано.


Инаку, Велика Британија има 53 милиони возрасни жители, што значи дека сите од нив треба да бидат вакцинирани со две дози за шест месеци. Тоа значи дека се потребни 600 илјади вакцинации дневно, а доколку Британците планираат процесот да го завршат пред Велигден, ќе бидат потребни 1,2 милиони вакцинации дневно.

Лицата од домовите за стари лица и вработените во овие установи ќе бидат првите кои ќе примат вакцини, а потоа ќе следуваат постарите од 80 години и медицинските работници. Потоа ќе следуваат постарите од 65 години, младите со зголемен ризик, постарите од 50 и на крај младите лица.