Трамп во болница поради коронавирусoт

Макфакс

03/10/2020

10:39

992

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп беше префрлен во болница помалку од 24 часа откако беше откриено дека е позитивен на коронавирус.

Официјални лица од неговата администрација вчера објавија дека тој има лесни симптоми на коронавирус, но дека ќе продолжи да работи.

Трамп (74) бил префрлен во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид.

Тој по хоспитализацијата добил доза на лекот „ремдесивир“, објави синоќа лекарот на претседателот Шон Конли, додавајќи дека Трамп се чувствува добро.

Претседателот на САД вчера рано објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на вирусот. Тој во рамки на претседателската кампања деновиве бил во контакт со многу луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг