Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјавил дека неговата земја потврдила дека повеќе од 300 радикални исламисти пристигнале од Сирија, преку турски Газијантеп, во зоната на судири во Нагорно-Карабах.
"Однесувањето на Турција не е достојно за една држава членка на НАТО и сметаме дека таквите акции се сосема неприфатливи. Во овој случај, црвената линија е веќе пројдена", рекол Макрон, обраќајќи им се на новинарите по првиот ден на самитот на ЕУ во Брисел.
Тој објаснил дека повеќе од 300 сириски исламистички милитанти се изведени од зоната во Алепо и потоа се распоредени во конфликтната зона Нагорно-Карабах преку турски Газијантеп за да учествуваат во непријателски акции на страна на Азербејцан.
"Ова е потврден факт, тие луѓе се идентификувани и следени и сите се поврзани со терористичката организација ИСИС", рекол Макрон, пренесува "Tas s".
Тој додал дека за тоа разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што навел, потврдил дека Русија е известена за тоа.
Тој додал дека Франција, Русија и САД, како членови во Минската група ОЕБС, ќе претстават низа иницијативи за да ги сопрат судирите во Нагорно-Карабах во најкраток можен рок.
Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, рекол дека лидерите на ЕУ ја повикуваат Турција да престане да се меша во прашањето за Нагорно-Карабах и да игра конструктивна улога во деескалацијата на ситуацијата.
"Да, сите би требало да имаат конструктивна улога во промовирањето на деескалација. Сакаме да престане странското мешање, тоа само ја отежнува ситуацијата", порачал Мишел.
Ситуацијата во Нагорно-Карабах експалирала на 27-ми септември кога почнале борбите на спорната територија. И Азербејџан и Ерменија прогласиле воена состојба и вовеле мобилизација.