Ја снимиле Меланија како пцуе: Кого го интересира за божиќни глупости и декорации

Точка

02/10/2020

14:10

1.994

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД изразила презир кон медиумските извештаи за одвојувањето на децата од родителите на американско-мексиканската граница пред две години, откриваат разговорите кои тајно ги снимила нејзината поранешна помошничка Стефани Винстон Волкоф.

Волкоф се разделила со Меланија Трамп откако била обвинета дека лошо управува со финансиите на инаугурацискиот одбор на претседателот Доналд Трамп и од тогаш соработува со сојузните истражители кои ги проверуваат обвиненијата дека тој одбор служел како црн фонд за богатење на претседателското семејство. 

Оваа година Волкоф напишала книга која "открива се", а снимките ги објавила во четвртокот на "CNN".

"Не ме за*бавајте", реагирала Меланија на прашањата на новинарите за раздвојувањето на семејствата на границата.

"Каде бевте кога Обама го правеше тоа", се слуша на снимката.

Германската агенција DPA пишува дека некои имигрантски семејства биле раздвојувани на границата и за време на мандатот на претседателот Обама, но дека не спроведувал политика на раздвојување на семејствата како Трамп, кој ги користел за да ги одврати азилантите и имигрантите од илегалното преминување на границата.

Снимките исто така покажуваат дека Меланија била и премногу нервозна поради прославата на Божиќ во Белата куќа.

"Кого го интересираат божиќните глупости декорации...Но јас тоа морам да го направам, зарем не?", рекла првата дама во разговор со Волкоф.