Личниот доктор на претседателот на САД во Белата куќа, Шон Конли, денеска се огласил по повод здравствената состојба на Трамп.
Тој изјавил дека претседателот ќе продолжи да ги извршува своите должности без никакви пречки, откако дознал дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на Ковид-19.
Како што изјавил тој, и Трамп и неговата сопруга Меланија сега се чувствуваат добро и планираат да останат дома, односно во Белата куќа за време на закрепнувањето, пренесува „AP“.
Се наведува дека Трамп по сознанието дека е позитивен на вирусот, го откажал патувањето за Флорида, каде што денеска требало да има собир.