ЕУ воведе санкции за 40 лица од Белорусија

Макфакс

02/10/2020

09:07

1.145

Големина на фонт

а а а

Лидерите на Европската унија рано утрово се согласија да воведат санкции за околу 40 лица од Белорусија откако Кипар го повлече своето противење поради барањето Унијата да ја казни и Турција поради тензиите на истокот на Средоземното Море.

Санкциите не го вклучуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко

„Имавме двојна стратегија“, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на прес-конференција по првиот ден од самитот, кој заврши по полноќ.

„Ние изјавуваме дека сакаме да обезбедиме шанса за политички дијалог. Од друга страна, остануваме цврсто на нашите вредности и поддршката за Грција и Кипар. Ние сме подготвени да се вклучиме во позитивна програма со Турција под услов Турција да сака да учествува попозитивно со нас“, рече Мишел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по состанокот на лидерите на 27-те земји членки изјави дека ЕУ може да воведе санкции против Анкара доколку турските „провокации и притисоци“ продолжат на истокот на Медитеранот.