И Данска даде зелено светло за Северен тек 2 во своите води

Точка

01/10/2020

16:17

1.707

Големина на фонт

а а а

Данската агенција за енергетика на "Северен Тек 2" му дала лиценца да го истражува нејзиното подморје.

"Северен тек 2 доби оперативна дозвола да ги користи цевките во данското подморје. Дозволата е издадена под низа услови", се наведува во соопштението на агенцијата. 

Се очекува дека условите ќе обезбедат сигурна работа на гасоводот кој се гради за транспорт на рускиот гас во Европа преку Балтичкото море.

Неколку политичари во Германија и во Европската унија побарале застој, но и стопирање на проектот Северен тек 2 поради труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно за германски "Bild" рекол дека Вашингтон прави коалиција која ќе ја попречи изградбата на Северен тек 2.

Помпео изразил желба Германија да застане при ставот на САД, дали поради Навални, дали поради безбедносните закани кои ги создава зависноста од рускиот гас.

Меѓутоа, германската канцеларка Ангела Меркел оценила дека "Северен тек 2" и инцидентот околу Навални треба да се разгледуваат одвоено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг