Костадинов: Мицкоски на грбот на народот печалеше од цената на струјата, лицемерно е сега да биде загрижен

Макфакс

01/10/2020

13:43

589

Големина на фонт

а а а

Многу е голема веројатноста дека Христијан Мицкоски е заплеткан во бизнисите со хидроцентрали, на грбот на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Тој лично беше косопственик на 3 мали хидроелектрани кои имат загарантиран 20-годишен договор по цена на струја што ја плаќаме сите ние граѓаните. Секој еден граѓанин, секое семејство му плаќаше на Мицкоски за овие хидроелектрани“, посочи партискиот портпарол.


Според него, за четири години, поточно во 2016, 2017, 2018 и 2019, хидроелектраните во кои Мицкоски имал удел заработиле близу еден милион евра, односно 56 милиони денари.


„На ист начин и Пелагонија Енерџи на неговиот финансиер и тајкун Орце Камчев, од хидроелектрани инкасирала над 33 милиони евра за 5 години, во периодот од 2015-2019 година“, нагласи Костадинов.

Портпаролот на СДСМ рече и дека Мицкоски ќе остане запаметен како најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ, но и како советник за енергетика во Владата на Никола Груевски, Влада која, како што кажа, носела погубни енергетски политики.



Спонзорирани линкови

Маркетинг