Чавушоглу открил: Му понудивме на Путин решение за Нагорно-Карабах

Точка

30/09/2020

19:54

3.289

Големина на фонт

а а а

"Турција и предложи на Русија прашањето на судирот во Нагорно-Карабах да се реши со "тестиран" метод, односно, по пример на сирискиот модел", изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Како што рекол, разговор за тоа е одржан со рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

Според неговото мислење, би било добро што побрзо да се започне со заедничка работа по тоа прашање, исто како што Турција и Русија направиле во Сирија.

"Овој судир досега не е решен ни на билатерално, ни на мултилатерално ниво. Нерешеноста на судирот само ја охрабрува Ерменија", рекол тој и додал дека Азербејџан предолго ја толерирал ерменската "окупација".

Според неговото мислење, прашањето исто така може да се реши ако Ерменија ги повлече своите трупи од територијата на Нагорно-Карабах.

"Како што заедно делуваме во Сирија, се обидовме и тука, но не успеавме. Велат: Нека сопре војната. Нека биде така. Мора да се прогласи примирје, но Ерменија мора да се повлече од окупираните територии. Дали се зборува за тоа? Не. Како тогаш да се реши ова прашање?", прашал министерот.

Чавушоглу денеска исто така изјавил дека Турција е подготвена да го поддржи Азербејџан и на бојното поле и на преговарачката маса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг