Пронаоѓач смислил начин како побрзо да добиете итна помош: Неговото одело на млазен погон им помага на докторите и спасувачите

Точка

30/09/2020

17:24

2.161

Големина на фонт

а а а

Пронаоѓачот Ричард Браунинг направил пробен лет во новото специјално одело за спасувачи.

Спасувачите ќе можат да лебдат над вода и да минат преку планински предели до точни локации од каде им е пратен повик за помош - тоа е желбата на изумителот на млазното одело за брзо реагирање во вонредни ситуации. 

Во случај ова одело да добие дозвола за употреба, спасувачите и болничарите под благ млазен напон би совладувувале терени без потешкотии и за кратко време би доаѓале до оние на кои им е потребна помош.

Во текот на пробата, Браунинг во новото одело лебдел на висина од три до шест метри, трагајќи по жртви на исценирани несреќи. Две жени биле пронајдени за неколку минути, а за такво нешто досега биле потребни неколку часа пешачење.

Засега, ова одело на два млазни микро-мотори може да лета без прекин во етапи од по пет минути. Брануинг вели дека во последните три години, со својот тим извел повеќе од 100 летови во посебните одела во 30 држави за да реагираат во вонредни ситуации и да пружат помош.

"Засега само "гребнавме по површината" на тоа што мислиме дека може да го постигне оваа технологија во цел побрзо пружање на помош", рекол Бранунинг, најавувајќи понатамошно усовршување на оделата за спасувачи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг