Горди на ракијата, повеќе луѓе живеат надвор од земјата отколку во неа: Шест работи кои не сте ги знаеле за Ерменија

Точка

30/09/2020

15:25

3.596

Големина на фонт

а а а

Ерменија е поранешна советска република на јужен Кавказ и најстара христијанска цивилизација.

За Ерменците повторно се зборува ширум светот поради воените судири со Азербејџан во спорното подрачје Нагорно-Карабах, кои продолжиле во неделата на 27-ми септември. Станува збор за територија која според меѓународното право му припаѓа на Азербејџан, но е населена во главно со Ерменци, и дефакто е независна, меѓународно непризната држава. 

Меѓународната заедница и западните земји ги повикале двете страни да се воздржат од судирите и да продолжат со преговорите, а премиерот на Ерменија, Никој Пашинјан изјавил дека конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение.

Додека целиот свет следи што се случува во спорното подрачје и стравува дека во судирот ќе се вклучат и други земји, голем број на луѓето не знаат многу за поранешната советска република.

Еве шест прашања и одговори со кои можете да почнете...

1. Повеќе Ерменци живеат надвор отколку во земјата

Во Ерменија живеат околу три милиони жители, но милиони Ерменци живеат во странство. Дијаспората е бројна во САД, Русија и Франција. Во последно време голем број на мигранти од Ерменија дошле во Русија поради близината, но и затоа што многумина зборуваат руски јазик.

2. Планината Арарат се смета за национален симбол ...

...без разлика што се наоѓа во Турција.

Врвот прекриен со снег е висок 5.165 метри и невозможно е да не се види ако се наоѓате во главниот град Ереван.

3. Најстара христијанска цивилизација

Ерменија е првата земја во која христијанството станало официјална религија. Тоа се случило во четвртиот век. Денес, Ерменската црква е сосема одвоена од останатите христијански цркви во светот.

4. Шахот е задолжителен

Сите деца, од шест до осум години, мора да посетуваат часови по шах. Така е од 2011-та година.

Многу шаховски велемајстори доаѓаат од Ерменија, а оваа земја денес има повеќе од 3.000 квалификувани учители за шах во училиштата, пренесува "BBC".

5. Горди на ракијата

За време на Втората светска војна, советскиот лидер Јосиф Сталин, на британскиот премиер Винстон Черчил му пратил неколку шишиња ерменска ракија како подарок.

Многу години подоцна, во 2013-та година, рускиот претседател Владимир Путин му подарил шише ерменска ракија на британскиот премиер Дејвид Камерон.

6. Многу познати луѓе имаат потекло од Ерменија.

Меѓу најпознатите Ерменци се францускиот композитор Шарл Азнавур, рускиот шаховски шампион Гари Каспаров, американската пејачка Шер, како и Ким Кардашијан Вест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг