Силна експлозија ги потресе денес жителите на Париз и приградските населби на француската престолнина.
Паниката меѓу граѓаните се смири откако француските медиуми пренесоа дека сепак експлозијата е резултат на пробивање на звучен ѕид од страна на борбен авион. Тоа на „Твитер“ го потврди и француската полиција.
„Големата бучава која во Париз се слушна не е експлозија. Станува збор за пробивање на звучен ѕид за време на лет на борбен авион. Не ги оптоварувајте линиите за итни случаи“, стои во соопштението на париската полиција.
Un bruit très important à été entendu à Paris et en région parisienne. Il n'y a pas d'explosion, il s'agit d'un avion de chasse qui a franchi le mur du son.
— Préfecture de Police (@prefpolice) September 30, 2020
N'encombrez pas les lignes de secours !
Граѓаните на Париз, не знаејќи што се случува надвор, панично започнале да се јавуваат во итните служби. Како што пренесуваат локалните медиуми, тлото се затресло во неколку делови, а исто така се треселе и прозорци.
Камерите ја снимија и реакцијата на тенисерите на турнирот „Ролан Гарос“ кога ја слушнаа големата „експлозија“.
Explosion in Paris heard from games at Rolland Garros pic.twitter.com/3eVhSLrXQQ
— . (@wiIffff) September 30, 2020